Тајванската полиција ранила маж за кого има сомнение дека подметнал експлозивна направа пред канцелариите за кампања на главната опозициска партија Куоминтанг.

Пред влезот во канцелариите на Куоминтант во градот Таинан, најден бил уред што содржел жици, течност и прашкаста материја, се наведува во соопштението.

При упадот во неговиот стан полицијата пукала врз осомничениот маж, го ранила, по што тој бил префрлен во болница.

На 11 јануари на Тајван се оддржуваат претседателски избори, а кампањата за нив е во полн ек.

Куоминтанг, главниот политички ривал на Демократската народна партија на актуелниот претседател на тајван, фаворизира блиски врски со Кина.