Армијата на Тајван е во состојба на зголемена готовност откако денеска е забележан кинески носач на авиони јужно од островот.
– Кинескиот носач на авиони „Лиаонинг“ навлезе во водите во близина на каналот Баши и најверојатно се движи кон западен Пацифик, соопшти тајванското Министерство за одбрана, додавајќи оти „армијата останува во состојба на висока готовност и е подготвена да реагира доколку е потребно“.
Тајванското МО истакна дека на 9 и 10 октомври забележани се 27 кинески воени авиони и девет бродови на кинеската воена морнарица околу Тајван.
Кина изминатите години го зголеми воениот и политички притисок врз Тајван. Пекинг речиси секојдневно испраќа воени бродови и авиони да патролираат во околината на Тајван.
фото: МИА архива