Вечерва сме во Москва, тука сме да го интервјуираме претседателот на Русија, Владимир Путин. Тоа ќе го направиме наскоро (интервјуто било направено, траело еден час, н.з.); постојат ризици за спроведување на интервјуто, очигледно затоа размислувавме за тоа внимателно во текот на многу месеци.

Еве зошто го правиме интервјуто:

-прво, затоа што е наша работа; работиме во новинарството и нашата должност е да ги информираме ги луѓето. Веќе 2 години овде се води војна што го преобразува целиот светски поредок. Американците не се информирани за тоа; немаат вистинска идеја за она што се случува во овој регион, тука во Русија или на 600 милји од овде во Украина. Но, сега треба да се плаќаат за оваа војна, иако не ја сфаќаат целосно ситуацијата во Украина. Човечката катастрофа што се случува, стотици илјади луѓе загинаа, цела генерација млади Украинци, а една од најголемите земја во Европа е депопулирана.

Но, долгорочните ефекти се уште подлабоки; оваа војна го преобразува глобалниот воен и трговски поредок. Сојузите и санкциите што следеа исто така ја потресуваат светската економија, променувајќи го економскиот поредок воспоставен по Втората светска војна. Системот кој гарантираше просперитет во Западот повеќе од 80 години се распаѓа брзо, заедно со тоа и доминацијата на американскиот долар.

Ова не се мали промени; тие ја менуваат светската историја, а случувањата како овие ќе ги дефинираат животите на нашите внуци. Поголемиот дел од светот го разбира ова совршено добро. Прашајте некој во Азија или Средниот Исток како изгледа иднината.

Но, луѓето од англиското говорно подрачје, се чини, се претежно несвесни за промените. Мислат дека ништо не се смени, затоа што никој не им ја кажал вистината. Нивните медиуми се корумпирани, ги лажат своите читатели и гледачи и го прават тоа најмногу за пари. Од денот на почетокот на војната во Украина, американските медиуми разговараа со голем број на луѓе од Украина и направија многу интервјуа со украинскиот претседател Зеленски. Ние, самите, испративме барање за интервју со Зеленски и се надеваме дека тој ќе прифати, но интервјуата се направени веќе во САД, и не се традиционални интервјуа. Конкретно, тие се дизјанирани со цел да ја засилят борбата на Зеленски. САД се подлабоко влегуваат во војна во источна Европа и плаќаат за тоа.

Истовремено се води пропаганда од најгрд вид, пропаганда која убива луѓе. Во исто време, нашите политичари и медиуми го прават ова, промовирајќи го странскиот лидер како нов потрошувачки бренд. Ниту еден западен новинар не се обидува да го интервјуира претседателот на другата земја во конфликтот, Владимир Путин. Американците немаат поим зошто Путин изврши инвазија во Украина или кои се неговите цели сега. Никогаш не го слушнале неговиот глас.

А, Американците имаат право да знаат сè за војната во која се вмешани, и ние имаме право да им го кажеме тоа, затоа што и ние сме Американци. Слободата на говорот е наше право, се родивме со тоа право и никој не може да ни одземе без разлика кој е во Белата куќа иако тоа се обидуваат да го направат речиси три години. Администрацијата на Бајден незаконски ги шпионирала нашите текстуални пораки и потоа ја споделија содржината на тие пораки со нивните новинарски слуги со цел да го спречат интервју со Путин што го планиравме минатиот месец.

Прилично сме сигурни дека тоа го направиле уште еднаш, но овој пат дојдовме во Москва. Во секој случај, не сме тука затоа што го сакаме Владимир Путин, ние сме тука затоа што ги сакаме Соединетите Држави и ние сакаме да останете просперитетни и слободни. Сами плативме за ова патување, не зедовме пари од која било влада или група, ниту ќе наплаќаме за до го видите интервјуто на веб-страница tuckercarlson.com.

Илон Маск вети дека нема да го потисне или блокира ова интервју откако ќе го објавиме на неговата платформа Х и ние сме благодарни за тоа. Спротивно, западните влади сигурно ќе се потрудат да го цензурираат ова видео на други помалку главни платформи затоа што тоа е она што тие го прават. Тие се плашат од информации што не можат да ги контролираат, но немате причина да се плашите од тоа.

Ние не ве охрабруваме да се согласите со тоа што може да го каже Путин во ова интервју, но ние ве повикуваме да го гледате и потоа како слободен граѓанин и не како роб самите да донесете одлука за тоа што е што. Ви благодарам!