Собранискиот спикер Талат Џафери, денеска бил примен на Инфективната клиника при Универзитетскиот клинички центар во Скопје „Мајка Тереза“, објави „360 степени“.
Информацијата ја потврдиле и од неговата матична партија, ДУИ.
– Примен е на системска контрола. На тестирањето за ковид-19 е негативен, велат од ДУИ.
И од неофицијални извори, „360 степени“ дознава дека Џафери бил негативен на тестот за Ковид-19, но дека повеќе симптоми укажувале на присуство на вирусот. Тој e во стабилна состојба, но има пневмонија.
Џафери во вторникот за порталот „Плусинфо“ изјави дека се тестирал за Ковид-19 и дека тестот му е негативен. Најави дека ако треба ќе направи уште еден тест, пред одржувањето на конститутивната седница на Собранието.