Талибанците денеска ја презедоа контролата над градот Газни, што е оддалечен 150 километри од Кабул.
– Можам да потврдам дека Газни падна во рацете на талибанците. Тие ја презедоа контролата над клучните области во градот, канцеларијата на гувернеррот, седиштето на полицијата и затворот, изјави претседавачот со советот на истоимената провинција, Насир Ахмад Факири.
И талибанците потврдија дека ја презеле контролата врз градот Газни.
Под контрола на талибанците сега се 10 од вкупно 34 првинциски главни градови. Газни е најблизок град до Кабул.
Талибанците презедоа офанзива откако меѓународните трупи почнаа да се повлекуваат од Авганистан.