Талибанците контролираат 85 проценти од територијата на Авганистан, изјави денеска во Москва талибанскиот претставник Шахабудин Делаварсаид.
– Талибанците имаат слобода да ги напаѓаат административните центри во Авганистан бидејќи не им дадоа никакво ветување на САД дека ќе ги остават овие центри без напади, изјави талибанскиот претставник.
Тој додаде дека бунтовниците нема насилно да ги заземаат провинциските метрополи.
Странските сили, вклучително и САД, се повлекуваат по речиси 20 години борби во Авганистан, потег кој ги охрабри талибанските бунтовници да се обидат да добијат нови територии во државата.