Романскиот претседател Клаус Јоханис денеска нагласи дека нема да бидат потребни нови рестриктивни мерки доколку се вакцинираат што повеќе граѓани.

Јоханис верува дека Романија може да ја сузбие пандемијата бидејќи вакцините се достапни, без закажување, јавија романските медиуми.

– Препорачувам секој Романец да се вакцинира за да не заврши в болница, толку е едноставно, потенцира Јоханис.