Лидерот во Западната конференција и бранител на трофејот во НБА лигата, тимот на Голден Стејт, забележа победа на гостувањето кај Клиперси. „Воините“ до триумфот беа предводени од Стеф Кари со 28 и Кевин Дурант со 24 поени.

Резултати на натпреварите во НБА лигата одиграни ноќта меѓу петок и сабота.

Бостон – Мемфис 122:116
Детроит – Мајами 98:93
Орландо – Бруклин 115:117
Минесота – Сан Антонио 113:116
Јута – Кливленд 115:90
ЛА клиперс – Голден Стејт 94:112
Портланд – Њу Орлеанс 128:112.