Внатре во партијата СДСМ има сериозни проблеми и ова мнозинство нема долго да трае, вели генералниот секретар на Алијанса за Албанците и градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари кој синоќа во дебатниот магазин Клик плус на ТВ 21 нагласи дека „бродот на СДСМ тоне“.

Таравари вели дека „бродот ќе потоне со новиот лидер“.

-Во СДСМ има сериозни проблеми, внатре во партијата. Незадоволството таму е големо. Заев вети многу, ништо не реализира. Затоа и бега. СДСМ во моментот тоне, а ќе потоне со новиот лидер. Тој нема да може да ја одржи стабилноста на Владата. Новиот лидер нема да може ги координира коалициските партнери, кои имаат договор со Заев, а не со новиот лидер. Затоа сметам дека ова мнозинство нема да трае многу, и 2022 година ќе има повторно избори, рече Таравари.

Тој вели дека со ВМРО-ДПМНЕ имале добра соработка на локалните избори.

-Можеби и соработката со нив придонесе да ги добиеме трите општини, рече Таравари.