Генералниот секретар на Алијанса на Албанците во интервју за „Гласот на Америка“, Арбен Таравари, вели дека „несомнено е оти бродот на Заев тоне и оти ќе падне со 62 пратеници.

-Јас мислам дека ќе бидат повеќе од 61 пратеник. Но како и да е, да причекаме до четврток. Секој си има свој став и ние не можеме да се мешаме на некого каде му е потписот. Неговиот потпис стои во ист список со Левица и за платата што ја зема од Собранието. Но, секој си има совест. Пратеникот кој што зборува сега, јас колку што знам, десет години се бори за да се урне режимот, прво со Груевски и Ахмети, а сега хибридниот режим, за кого велат хибриден режим повторно меѓународните институции. Ова е моментот кога може да се собори Ахмети, а потоа за формирање на нова влада, ќе видиме какви услови ќе има. Ќе има преговори и евентуално дали ќе може да се направи. Но јас мислам дека има добро расположение. Бродот на Заев тоне и тоа го знаат сите веќе. Внатре има таму диверзија на повеќе пратеници, кои што се дел од СДСМ или се дел од партиите кои се во коалиција со СДСМ. Несомнено е дека тој брод тоне и ако преживее сега, нема да преживее повеќе од четири-пет месеци. И ако се оди на предвремени избори, нема дилеми. Тие изгубија повеќе од 70% од општините. Тоа се 500-600 функционери на СДСМ. Тие се повеќе незаинтересирани за ова мнозинство, имајќи во предвид како функционираше оваа влада, назад, четири-пет години, вели Таравари и додава:

„Со неколку пратеници се преговара и јас мислам дека ќе падне владата со 62 пратеници. Ќе видиме, за брзо е денот“.