Кандидатот за претседател од коалицијата Вреди, Арбен Таравари потенцира дека ЕУ, САД и НАТО се наши незаменливи сојузници и дека како доверлив партнер тесно соработуваат со нив и се подготвени да ја одиграат нивната улога во одржувањето на мирот и безбедноста во светот заедно со нив.

-ЕУ, САД и НАТО се нашите незаменливи сојузници. Како доверлив партнер, ние тесно соработуваме со нив и сме подготвени да ја одиграме нашата улога во одржувањето на мирот и безбедноста во светот заедно со нив. Нашата безбедност е заедничка. Северна Македонија не консумира безбедност, ние произведуваме безбедност – вели во програмата Таравари.