Градоначалникот на општина Гостивар и генерален секретар на Алијанса за Албанците Арбен Таравари вечерва во Тема на денот во Сител телевизија, истакна дека јавна тајна е дека премиерот Зоран Заев им нуди пари на пратениците.
-Нашата пратеничка група е компактна, а имало знаеме дека господинот Заев со пари им се приближува на повеќе пратеници и ова е јавна тајна и тоа сите го знаат, им предлага да им даде одредена сума на пари, за да преминат, но нашите пратеници се одлучни и знаат дека нашата цел е подобро утре за сите, а не да се биде дел од криминалци и корумпирана влада.
Таравари вели дека на пратеничка од нивната пратеничка група директно тој и негови другари и други луѓе и нуделе пари, но таа одбила, а јавна тајна е дека власта се шета со куфер со пари за поткуп на пратеници.
-Во ваква држава каде се обезбедува потписи од 61 пратеник за три часа, и во меѓувреме се гласа доверба на влада каде недостасува еден пратеник, а цела држава и неговото семејство се загрижени за него, а спокојни се премиерот, министерот за внатрешни работи и ДУИ, спокојни како ништо да не било, како да не нормално еден пратеник еден ден да исчезне и никој да не знае каде е, во ненормална држава вакви работи се стандардни, вели Таравари.
Таравари критикуваше дека граѓаните и јавноста во оваа држава се уште не знаат каде се однесоа милион ипол евра од Боки13, во Мавровска се градеше објект без дозвола не се знаеше кој е сопственикот, па два месеци не се знаеше кој треба да го руши овој објект, на крај господинот Ахмети отиде и испи кафе таму, вели Таравари и појасни дека во оваа држава никој не им верува на институциите.
Кабинетот на Владата веднаш реагираше на овие тврдења на Заев:
-Премиерот Заев најостро ги демантира изнесените лаги и дезинформации дека наводно тој или било кој друг по негова насока нудел пари на пратеници. За оваа груба манипулација, лага и клевета ќе бидат преземени сите правни дејствија низ правосудните институции доколку господинот Таравари веднаш јавно не ја повлече изнесената клевета и доколку јавно не се извини. Очекуваме овој демант да го објават сите медиуми кои ги објавија лажните вести изнесени од страна на Таравари на телевизија „Сител“, пишува во демантот испратен до медиумите.