ТАРАВАРИ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА МАЈЧИНИОТ ЈАЗИК: Гостивар треба да пример за светот за град со три јазици!

/ 21.02.2022

Во Балканот сме научени да бидеме во натпревар едни со други. Во неколку вековен бесмислен натпревар, колку апсурден толку и опасен. Натпревар за знамињата, натпревар за имиња, натпревар за херои па и до најчудниот натпревар, натпревар за јазикот. Тука сум да кажам дека ова денешното не е натпревар. Тука сум да кажам дека јазикот на една нација е направен за да се изрази болка и љубов, а љубовта и болката не се створени за да се натпреваруваме едни со други. Ова го истакна градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари во неговиот говор на трибината организирана во Гостивар на тема “Мајчиниот јазик е идентитет”.

Тој исто така така преку примери од неговата кариера како доктор раскажа дека болката на секоја мајка без разлика на јазикот кој го зборува е иста и дека ниту едно дете на светот не се смее поубаво од останатите деца.

„Во болничките соби каде што сум поминал еден голем дел од мојот живот сум видел несреќи на мајките кои плачеле врз нивните деца. Тие не беа ниту Албанки, ниту Македонки, ниту Турчинки, ниту Бугарки, ниту Ромки, тие пред сѐ беа мајки. Така што сум убеден дека ниту едно дете на овој свет не се смее поубаво од друго дете. Кога велам дете, Господ, мајка, семејство, другар, пријател убеден сум дека сме го рекле истото од Кина до Еквадор, од Македонија до Камбоџа, од Косово до Америка, од Хрватска до Авганистан“, потенцираше Таравари.

Тој додаде дека Гостивар треба да биде пример во светот за град во кој сите заедници кои живеат во него зборуваат во мир на нивниот мајчин јазик и со меѓусебна почит.

„Секогаш сум ги гледал јазиците со огромна научна восхит и почит. Од мал сум се чудел како во мојот Гостивар слушам 3 различни јазици кои се зборуваа природно на исто место. Едно од најубавите кампањи што ги започнавме со нашиот тим во нашата опшштина беше „Три јазици во еден град“. Инспирирани од нашиот град кој толку убаво го држи ова големо богаство кое не е жртва на оној вековен балкански натпревар ние сакаме да му покажеме на светот дека има еден град Гостивар во кој Албанците Турците и Македонците зборуваат во мир и со меѓусебна почит за нивните јазици“, рече Таравари.


Од истата категорија