СДСМ и ДУИ со ДПА ќе формираат влада која ќе има мнозинство од 62 пратеници, а со преговорите прават театар, вели генералниот секретар на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари.
– Не верувам дека СДСМ има поддршка од некој пратеник од ВМРО или од друга партија, така што владата ќе има нестабилно мнозинство. Ние нема што да бараме во таква влада, со ДУИ само ќе се компромитираме. Со нив скептик сум дека можни се реформи, како со криминалци да се бориш против криминалот, изјави Таравари на ТВ Алфа.
Таравари нагласи дека соработката со Алтернатива на Африм Гаши е цврста и најави дека уште сега разговараат за локалните избори в година.