Oдбраната во предметот Таргет-Тврдина се сомнева во веродостојноста на податоците од вештачењето за вредноста на уништената опрема за прислушување во МВР. Велат дека вештакот не поседувал лиценца која дозволува да прави процена на системот за следење на електронските комуникикации. Според адвокатите, не била направена штета со уништување на опремата бидејќи нејзината пресметковна вредност по петгодишната употреба на системот, законски изнесувала еден денар.
„Вештакот користи метод на процена и покрај тоа што од него се бара да направи материјално финасиско вештачење. Материјално-финансиско вештачење е различно од правење на процена, различни се процесите и намената е различна. Впрочем и самиот закон за Кривична постапка не прошишува правење на процена туку правење на вештачење. Вештакот самиот кажа дека нема лиценца односно не е стручен да прави процена на таков вид системи, но сепак тој си зема за право, да го направи тоа“, вели адвокатот Влатко Илиевски.
Претходно, т.н. вештак Свонко Костовски за чија процена радосно известија медиумите на СДСМ, на судењето изјави дека опремата со која се прислушувало во УБК чинела речиси милион ипол евра (1 418 897е) пред да биде уништена. Системите за незаконско следење биле уништени во декември 2013-та, а дури после една година од уништувањето е констатирано дека се безвредни и неупотребливи и прокнижено е дека имаат вредност од 1 денар. Ова е запишано во јануари, 2015-та година, десетина дена пред тогашната опозиција да почне со пуштање на бомбите.
„Нејзината сметководствена вредност со датум од 31.12.2013 година, е 1 денар. Но, од мене беше побарано да ја пресметам нејзината употребна вредност. Под поимот употребна вредност се подразбира дека системот на денот на уништување бил во функција и имал вредност во однос на корисникот. Таа употребна вредност се разликува од сметководствената вредност, која е книговодствена. Се разликува и од објективната вредност.“ – изјави вешакот Ѕвонко Кочовски.