„Според најавата првите количини и од Фајзеровата вакцина треба да пристигнат во месец февруари и сега поинтензивно ги разгледуваме можностите за набавка на кинеската вакцина. Зошто? Свесни сме компаниите, Фајзер е прва која ги доби потребните документи од регулаторните тела да биде во продажба, сепак не може да постигне да испорача бараните количини во сите земјите во светот“, истакна Венко Филипче.

Иако кинеската вакцина нема добиено зелено светло од страна на ЕУ, министерот смета дека самите националните регулаторни тела и нивната позната и призната методологија на работа се сосема доволни.

„Во овој момент дефинитивно сите вакцини кои што се на пазарот се добри, проверени, развиени на безбедни платформи и нема потреба за сомнеж во ниту една вакцна, а ние остануваме отворени да ги разгледуваме буквално сите опции“, истакнува Венко Филипче.

Филипче додава дека целосно сме подготвени за пример и соодветно чување на вакцините, но кој и како ќе се одвива процесот за повикување за вакцинирање?

„Повикувањето ќе се одвива преку системот „Мој термин“. Во првата група се здравствените работници кои што работат со Ковид пациенти, понатаму вработените во лабораториите каде што се врши дијагностиката и најстарите граѓаните над 70 години кои се во ризична група согласно нивните хронични дијагнози“, додава Венко Филипче.

Во втората група за вакцинација спаѓаат и останатите здравствени работници, како и наставници, новинари согласно препораките од СЗО за приоритетни групи.