Пратеникот Антонио Милошоски денеска во Собранието побара лица кои се сторители на родово базирано насилство да не можат да бидат кандидати за пратеници, градоначалници, министри, како и за други високи полтички функции.

Тој рече дека дава поддршка за новата регулатива, ама ги повика Клубот на пратенички во Собранието и Министерството за труд и социјална политика да предложат измени на Изборниот законик и на Законот за Владата, така што ќе се овозможи некој кој е сторител на родово базирано насилство да биде избран на функција.

-Ова го кажувам затоа што, за жал, меѓу нас во Собранието имаме колега пратеник кој силувал жена, а сепак, е на висока функција. Името нема да го споменувам за да не будам лоши сеќавања кај жртвата. Ама затоа апелирам, особено до пратеничките, да побараат законски измени за во иднина да се оневозможи сторители на ваков и слични деликти да бидат избрани или именувани на функција, рече Милошоски.

Тој не го откри неговото име, но посочи дека пратеникот бил осуден за силување и ја одлежал казната.