По вчерашните шест починати, денеска драстично зголемување на бројот на мртви до овид 19. Во последните 24 часа, како што соопштија од Министерството за здравство, починале 21 пациент.

Дури 11 од починатите се од Тетово и тие се на возраст од 72, 68, 57, 58, 66, 73, 77, 65, 74, 56 и 73 години. По двајца починати има во Скопје и во Кавадарци, на возраст од 87 и 65 и на 64 и 59 години.

По еден смртен случај има и во Куманово (75г), Прилеп (84г), Штип (78г), Охрид (69г), Кавадарци (64 и 59г), Кочани (71г) и Кичево (63г). Пациентите се починати во болнички услови.

Бројката на новозаразени денеска во Тетово е за малку поголема од бројката на починати. Во овој град денеска се регистрирани 13 нови случаи на ковид-19 од вкупно 444 во земјава во последното деноноќие.

Направени биле 2 518 тестирања. Од позитивните 444, најмногу (209) се повторно во Скопје.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 894 оздравени пациенти. Од нив 497 се од Скопје, а 49 од Тетово.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 91 161, бројката на оздравени пациенти е 79 621, на починати е 2 812, а бројот на активни случаи изнесува 8 728.

Во Скопје се активни 4 855 случаи, а во Тетово 326.