Сашо ТАСЕВСКИ
ПИСМО ДО ГРУЕВСКИ
Груевски друже,
Многу сум ти кабает. Кога владееше пишував против тебе нон стоп, ти се намерачив некако. Ти пишав и едно писмо колумна, имаше 70 илјади прегледи колумната. Од гомно подоле те направив, сега гомна со две раце да јадам. Како рука не ми се исуши тогаш.
Требаше друже да си останеш на власт уште 50 години. Ни лук јал, ни ќебапи. Вака те сменија и си замина. Будаливе веруваат во багажник си избегал, ама ти со авион си отиде ко господин.
Што да ти кажам?
Како да те погледнам однапред? Како да те погледнам одзади? Срам ми е.
Овие што те сменија, за срамно влакно на магаре не ги бидува. Се спроведоа ко што им рече. Сменија име, презиме, продадоа историја, идентитет, народ, малцинството наше кај соседите, децата и внуците ги продадоа и нивната идна челад. И Тиранската платформа најзгора ја спроведоа. На вакви квислинзи и оној вистинскиот Квислинг Норвежанецотби им позавидел.
Ама сврши песната. Бидна. Македонија роди копилиња кои ја раскрчмуваат секоја секунда, илјадници секунди во денот.
И ништо не успеаа да докажат против тебе. Ниту едно кривично дело врзано за оние тешки милијарди кои наводно си ги украл. Така се колнеа, гавран јазик да им исколва. Мозокот одамна им е исколван.
Ти како си? Како е времето во Пешта? Овде е темно, секој ден е ноќ да му ебеш матер.
Ти поседи си таму уште некое време, па врати се, ко ќе ти здосади. Ќе те пречекаме со георгини или вртипоп, зависи колку пари ќе ни останат до твоето враќање. А како тргнало, изгледа голи и боси ќе те пречекаме.
Тоа е друже. И ако можеш прости..!