Вчера беше објавено дека ан 56 годишна возраст починала Татјана Патиц, врвен супермодел од 1990-тите години, но не беше објавена шричината за смртта.

„Татјана почина утрово во Калифорнија. Причината за смртта е рак на дојка“, изјавил подоцна во тек на вчерашниот ден агентот на Патиц, Корин Николас, за Insider.

„Денес модната индустрија изгуби икона“, а потоа ја цитираше Ана Винтур која вели дека Патиц „отсекогаш била европски симбол на урбана убавина“

Патиц е родена во Хамбург, Германија, но пораснала во приморскиот град Сканор во Шведска. Токму таму, Патиц влегува во светот на модата, на натпревар во 1983 година, каде што го освои третото место, според Вог.

Освен од модните писти на ревиите на Диор, Шанел, Келвин Клајн, Валентино, Фенди, Дона Каран и уште многу други на кои Патиц беше заштитно лице, светската јавност ја памети убавата Тања во безвременскиот видео спот на Џорџ Мајкл, „Freedom“ во друштво на Синди Крафорд, Линда Еваџелиста, Наоми Кембел и Кристи Тарлингтон.

Славната петорка даде силен печат во светот на модната индустрија во 80-тите и 90-тите години.