Од четири малолетни деца кои нивниот татко денеска ги фрлил од првиот кат на семејната куќа во Паг во Хрватска, две се потешко повредени, а две се вон животна опасност, изјави за Хина доктор Жељко Чулина, директор на Општата болница Задар.
Маж во Паг утрово ги фрлил своите четири малолетни деца од првиот кат на семејната куќа, по што децата биле пренесени во задарската болница, а локалните медиуми неофицијално јавија дека станува збор за деца на вораст од три, пет, седум и осум години.
– Две од децата се тешко повредени и се наоѓаат во Единицата за интензивно лекување, а две се вон животна опасности. Испитувањата се уште траат, информира Чулина.
Задарската полициска управа утрово во 6:47 часот примила дојава дека маж од првиот кат на семејна куќа во Паг ги фрлил своите четири малолетно деца на возраст од три, пет, седум и осум години.
Мажот, на возраст од 54 години, се наоѓа во службени простории на полицијата. Сите околности и факти кои претходеле на инцидентот се утврдуваат. Во моментот на инцидентот во куќата била и нивната мајка со која полицијата исто така се уште разговора.