Понекогаш е тешко да се замисли што сè прават родители за своите деца, но еден татко од Турција ги надмина границите. Името на мажот е Рамадан Коркут и тој изгради пат за неговата ќерка за да може да оди на училиште.

Да, тој буквално го изгради патот со свои раце!

Тој сфатил дека е во сериозна неволја кога малата Гамзе требала да оди во градинка. Тогаш почнало – немало соодветна рута за локалниот автобус да го однесе детето во градинка. До градинката водел запуштен земјен шумски пат.

Семејство живее во мало планинско село што е надвор од сите можни рути, а локалната власт признала дека е немоќна да стори нешто. Тие му го одбија барањето за пат и му рекоа дека не можат да направат ништо за него и неговата ќерка.

Кога малата Гамзе тргнала на училиште, татко и ќе ја ставел на трактор и ќе ја водел до најблиската автобуска станица. Сепак, тој сфатил дека е премногу напорно за неговото дете и се решил на подвигот.

Тој изнајмил багер и четири камиони, а од месната заедница успеал да изнајми уште еден камион, а од шумарството земал ваљак. Му требале само шест дена: Гамзе добила пат кој бил прифатлив за минување на автобус, кој сега секое утро пристигнува пред куќниот праг.

Но, тоа не бил крај на тешкотиите: семејството порадо изградба на патот западнало во долгови. Тие веќе имале една голема несреќа, нивната куќа изгорела пред три години, а изградбата на патот ги чинеше дополнителни 6.500 евра.

Сепак, приказната доби среќен крај. Се покажа дека политичарите не мора да бидат толку бездушни. Локалните власти се сожалија и ги преземат сите трошоци.