Девојка по име Рајана (18), по потекло од Сирија, е убиено во Холандија, каде живеела со семејството, а злосторството наводно го извршил нејзиниот татко Калед ал-Наџар (52).
Ова злосторство длабоко ја потресе Холандија.
Холандските медиуми јавуваат дека Калед испратил писмо до редакцијата на Де Телеграф во кое го признава делото, но не зборувал за неговиот мотив. Тој наведува дека наводно сѐ ќе ѝ каже на обвинителката.
Сè што напишал овој 52-годишен маж за својата ќерка е „дека ѝ бил лут“.
Меѓутоа, соседите и пријателите на 18-годишната девојка велат дека тоа било злосторство за чест бидејќи ќерката имала момче, државјанин на Холандија и сакала да ја симне шамијата.
Наводно, претходно била тепана од нејзиниот татко затоа што не се согласувал со нејзиниот усвоен западен начин на живот.
Безживотното тело на Рајана било пронајдено во река во градот Лелистад во неделата на 28 мај, откако таа била пријавена како исчезната од нејзиниот семеен дом во градот Јуре на 22 мај.
Холандските власти го пронашле безживотното тело на 18-годишна девојка откако весникот Де Телеграф ги информирал за писмото кое пристигнало на нивната адреса, а кое наводно го испратил нејзиниот татко.
Откако го испратил писмото, таткото заминал прво во Германија, а потоа во Турција.
Исто така, холандските медиуми пишуваат дека соучесници во ова убиство наводно биле браќата на девојката на возраст од 22 и 24 години. Тие наводно му помогнале на својот татко да ја убие нивната сестра.
„Јас сум единствениот одговорен. Не ги обвинувајте другите, тие се невини“, наводно напишал таткото во писмото.
Еден сосед изјавил дека 18-годишната девојка веќе имала можност да ја види агресивната страна на нејзиниот татко кога тој наводно „сакал да ја убие“ во една прилика.
„Седев во куќата кога таа ми тропна на вратата и побара помош велејќи дека татко ѝ сакал да ја убие“, објаснила сосетката.
Семејството пристигнало од Сирија, градот Идлиб, во 2012 година кога изби граѓанската војна. Од 2017 година живеат во градот Јуре.