Шилегов да каже како со чиновничка плата стаса до речиси нова луксузна куќа од 306 м2 среде Скопје?
Ова се истакнува во денешната реакција од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-И додека граѓаните осиромашуваат и фирми се затвораат Петре Шилегов ја реновира својата 306 м2 речиси нова луксузна куќа во Карпош. Народ останува без работа и нема пари да преживее, а Шилегов реновира луксузна куќа. И тоа не е се. Во текот на овој мандат Шилегов се поднови и со луксузна хациенда во Маврово со огромен двор, која како што пишал во неговиот анкетен лист вреди 55.000 евра, се вели во реакцијата.
Во текот на еден мандат, се додава во соопштението, Шилегов акумилирал имот кој некој цел живот не може да го стекне.
-Шилегов својот мандат во октомври ќе го заврши со 4 стана во Скопје, луксузна куќа во Карпош и хациенда во Маврово. Како народот работи цел живот за свој дом, а Шилегов има имот од близу 2 милиони евра? Време е за одговори и одговорност, порачува ВМРО-ДПМНЕ.