Власта преку Собранието сака да носи веќе донесена одлука, браната за Уставните измени е ВМРО-ДПМНЕ, се наведува во денешното соопштение од опозициската партија.
– Ковачевски ги тера пратениците од СДСМ и помалите партии од коалицијата да гласаат за предлогот во Собрание, затоа што сака да сподели одговорност со пратениците кои ги гледа само како гласачка машина. Тоа што власта го става предлогот на дневен ред во Собрание е само театар. Ковачевски, СДСМ и ДУИ немаат 2/3 мнозинство и нема да имаат. ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи Уставни промени. Овој предлог на Ковачевски е на штета на македонските интереси, и затоа тој треба да биде отфрлен, а не да се тераат пратениците од власта на сила да го гласаат. СДСМ треба да знае дека што и да прават Уставот не може да го сменат. ВМРО-ДПМНЕ е на линија на националните интереси и нема да дозволи бугаризација по рецептот на Ковачевски, се наведува во соопштението.
ВМРО-ДПМНЕ ветува дека нема да бараат предвремени избори доколку власта се откаже од предлогот за бугаризација на Македонија:
– Очигледно власта решила да ја игнорира волјата на граѓаните. Тие ги игнорираат и интелектуaлците и експертите по евроинтегративните прашања и сите оние кои им говорат дека содржината на предлог преговарачката рамка е крајно неповолна за Македонија и води кон две можни сценарија, или вечни преговори или асимилација, се наведува во соопштението.
Ковачевски и Османи, се додава во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, се одлучиле со просто мнозинство, макар тоа биле 41 партеник да направат собраниска фарса, со цел да прикажат некаква транспарентност.
– Тоа што ќе се случува сега во оваа фаза во Собранието ќе биде информација, која суштински нема да делува на процесот, бидејќи процесот сега зависи од Владата. Но, важно е пратениците на СДСМ и другите партии од власта да бидат рационални и да ја сфатат штетноста за македонските евроинтеграции од еден ваков предлог на долг рок и да пркосат на уцените и диктатите, но и притисоците на партиските челници, кои немаат ништо заедничко со демократските и европските вредности, наведува опозициската партија.
Така, се додава во соопштението, ќе покажат дека Македонија им е поважна од било каква партиска наредба.
– ВМРО-ДПМНЕ како одговорна партија ги става националните и државните интереси пред партиските и затоа ги повикува пратениците од СДСМ да гласаат против предлот, а ВМРО-ДПМНЕ ќе се откаже од барањето на предвремени избори и доколку треба ќе поддржи опстојување на оваа власта, макар и како малцинска. Да не дозволиме Македонија да биде уценета, да покажеме дека националните и државните интереси се поважни од се, да кажеме Ултиматум-Не благодарам!- се вели во денешното обраќање на ВМРО-ДПМНЕ до власта и македонската јавност.