Првиот човек на „Ла лига“, Хавиер Тебас упати жестоки критики на адреса на Манчестер Сити и ПСЖ, за кои смета дека треба да бидат избркани од европските натпреварувања.
Тебас смета дека овие два клуба го кршат финансискиот фер плеј и дека целата фудбалска индустрија ја донеле во незавидна ситуација, со своето вртоглаво трошење на пари за трансфери.
– Имате клубови кои едноставно не водат сметка кои им се реалните приходи кога сакаат да донесат некој играч, бидејќи добиваат пари од државата. Тоа ги доведува останатите клубови практично на прагот на егзистенција, со што се уништува рамнотежата во целата европска фудбалска структура, изјави човекот, кој веќе шест години е претседател на шпанската „Ла лига“.
Манчестер Сити минатата недела остро реагираше во однос на истрагата на независната комисија на УЕФА во врска со кршењето на правата на финансиски фер плеј. Тоа може да доведе до забрана на натпреварување во Лигата на шампионите, бидејќи мислењето на комисијата е доставена на разгледување до челниците на Европската фудбалска федерација.