Во 1984 година, грчкиот аргеолог Лиана Сувалци побарала од египетските власти дозвола да ископува во близината на оазата Сива, сместена меѓу депресијата Катара и египетското песочно море во либиската пустина, на речиси 50 км источно од границата со Либија и 560 км од Каиро. Во 1989 година, пет години откако било поднесено барањето, била одобрена дозволата и почнале ископувањата.
По само една недела од почетокот на ископувањата, Сувалци и археолошкиот тим дошле до спектакуларно откритие- откриле влез чуван од статуи на лавови на многу голем и навидум многу важен споменик. Во следните неколку години, ископувањата откриле дека споменикот е величенствена хеленистичка кралска гробница која се протегала на 525 квадратни метри. Освен лавовите на влезот, археолошкиот тим ископал голем број лавовски глави низ целата подземна структура – одраз на важниот статус на сопственикот, како и украси во грчки стил, грчки натписи и издлабен рељеф со симболот на Амон Ра – сето тоа посочувало дека гробницата му припаѓа на Александар Велики.
Веднаш се активирала грчката влада и побарала натамошните истражувања и објавувањето на ова откритие да бидат спречени. Причина? Постоењето на Република Македонија и фактот дека додека таа постои, постои и опасност Александар и античка Македонија да се врзуваат за денешна Република Македонија, наместо за Грција, која, реално, со Македонија на Александар нема врска каква што се прикажува. Во 1995 година за ова текст објавува и Њујорк Тајмс, и еве го текстот на весникот, кој изгледа и не е така реномиран како што се зборува:
Експертски тим на грчката влада ги истражува тврдењата дека гробот на Александар Македонски бил пронајден во западната пустина во Египет. Тимот го посети локалитетот денеска и извести дека не нашле никаков доказ дека гробот бил најден.
Но, Лијана Сувалци, археологот кој изјави претходната недела дека го пронашла гробот надвор од оазата Сива, рече во сабота: “Јас немам резерви. Ова е гробот на Александар. Без сомнение”.
Таа изјави дека гробот бил изграден во македонски стил и дека трите табли откопани во локалитетот всушност го обезбедуваат арехеолошкиот доказ.
Една од таблите, рече таа, која била напишана од полковникот на Александар, Птоломеј Први, ја потврди легендата дека Александар бил отруен. Друга, рече таа, била оставена од Римскиот император Трајан, за кој таа рекла дека имал почит кон локалитетот.
Но, грчкиот тим, предводен од генералниот секретар на Министерството за култура, Џорџ Томас, рекол дека е нејасно дали структура што таа ја ископува воопшто е гроб.
Тој и членовите на тимот рекле дека стилот на комплексот не бил како што рекла г=ѓа Сувалци, македонски. Тие исто така рекле дека деловите од таблите кои им биле покажани не поддржуваат ниту еден од преводите кои таа ги обезбедила како доказ за нејзиното откритие.
Членовите на тимот исто така рекле дека деловите што ги виделе биле од римскиот период, околу 300 години по смртта на Александар Македонски.
“Не сме сигурни дали овој комплекс е гроб или храм”, изјави Јани Тцедакис, директорот на антиквитети за грчката влада, “иако има некои елементи од хеленистичкиот период во урнатината. Но, изгледа дека се од подоцнежен период”.
Сувалци одби тимот на грчката влада да го прочита нејзиниот извештај за откопувањата. Таа исто така одби и да го брифира тимот. Исто така таа не го испрати тимот до локалитетот надвор од Сива,а потоа не даде никакво објаснување за нејзиното одбивање да соработува со грчките oфицијални лица.
“Фактот што извештајот за ископувањето не ни е покажан, е доволен за сомнеж,”, изјави Тцадакис.
“Таа треба да ни презентира слики и планови, заедно со детали од откопувањето, за да го поткрепи нејзиното тврдење. Така се прави тоа во Грција”, додаде тој.
Абдел Халим Нуредин, претседател на египетската организација за антиквитети, кој претходно изјави дека стои зад тврдењето на Сувалци, сега вели дека веќе не толку сигурен за откритието.
“Битно откритие е,” вели Нуредин. “Но мора да бидеме повнимателни. Мора да почекаме на понатамошно проучување и преиспитување на текстот.”
Сувалци која која има археолошка диплома од Универзитетот во Атина, ископувала во близината на Сива 50 милји источно од либиската граница, минатите четири години.
Натписите на таблите, искршени на делчиња, биле преведено од сопругот на Сувалци, кој нема формален археолошки тренинг. Тој исто така го финансира нејзиното пребарување.
Сувалци, која вели дека примила мистично насочување во нејзиното пребарување, делумно од змии, тврди дека во минатото оваа структура била гробот на Александар. Таа напишала текст во египетски магазин, издаден од Универзитетот во Каиро пред 3 години, тврдејќи дека истата структура била гробот на Александар.
Репортажата била отфрлена од археолози во Египет и Грција.
Грчкиот тим вели дека деловите од таблите кои што им биле покажани не го поткрепувале преводот на Сувалци. Тие исто така велат дека не ја виделе македонската ѕвезда со осум краци која што Сувалци вели дека ја пронашла на тоа што она го опишува дека е гробот на Александар.
“Овие натписи немаат врска со периодот на Птоломеј Први,” вели Тцедакис. „Не видовме никакви зборови кои таа вели дека биле напишани на таблите, ниту Александар, ниту Птоломеј, ниту зборот отров.”
Александар, крал на Македонија, ги предводел неговите војници надвор од Грција во 334 г. пред н.е. (каква катастрофа на Њујорк Тајмс кога вели дека Александар „ги превдодел војниците надвор од Грција која тогаш не постои, а не ја споменува Македонија, н.з) на 22 години и основал империја која што се протегала на поголемиот дел од Азија и Средниот исток. Антички текстови покажуваат дека по неговата смрт во Вавилон во 323 п.н.е. на воена кампања, неговото тело било пренесено во Сирија и потоа во Египет. Но, крајното место на закопување сеуште е мистерија.
Околу 570 г. пред н.е. фараонот Амасис изградил храм во Сива за богот Амон Ра. Било изградено и пророчиште.
Александар отишол во Сива во 332 пред н.е. да го види пророчиштето. Таму, според легендата, му било кажано на Александар дека бил божествен.