Министерката за одбрана Радмила Шекеринска купува чоколади за 15 милиони денари, објави денеска порталот Курир.

Како што пишува порталот, на 3 овој месец е објавен оглас за јавна набавка. Предмет на договорот за јавна набавка е: Чоколадо млечно за потребите на Армијата. Проценета вредност без ДДВ: 12.304.762,00. Набавката со вклучен ДДВ ќе чини 14,8 милиони денари!

Додека луѓе умираат, пишува порталот, и молат за лечење и тестирање, немаат пари ниту за леб, Шекеринска како приоритет за набавка која ја врши Министерството за одбрана има чоколади од 15 милиони денари!