Од пари на граѓаните на Република Македонија ќе бидат платени 47.757 евра само еден договор на Службата за општи и заеднички работи на Владата.
Како што објави порталот Инфомакс, за „освежување“ на државните институции ќе бидат потрошени 2,9 милиони денари од буџетот, а цвеќињата ќе завршат во Владата и во претседателската вила на Водно на претседателот Стево Пендаровски, за спроведување на државни протоколи.
Фирмата која го добила тендерот е „Триста-Груп“ ДООЕЛ Скопје, а најевтиниот букет чини 2.100 денари додека за најскапиот од парите на граѓаните ќе биде платен 5.900 денари.
Истата компанија веќе трета година по ред го добива тендерот, пишува Инфомакс.