На официјалната страна на системот за јавни набавки во делот на склучени договори стои дека Службата за општи и заеднички работи склучила договор за набавка на кафе во вредност од скоро 500.000 денари.

Така во делот на назив на договорниот орган стои служба за општи и заеднички работи на Владата, во делот на вредност на склучениот договор со вклучен ДДВ стои сумата 472.000,00 додека во делот на предмет на договорот за јавна набавка стои кафе (црно, мелено).

Досега во јавноста излегоа голем број скандалозни трошоци кои ги прават токму министерствата и други државни институции во време кога народот се бори и тешко ја преживува корона кризата.