Паднаа во вода сите надежи дека до крајот на овој месец Македонија ќе ги добие вакцините на Фајзер преку директниот договор – затоа што договор финализиран нема признава министерот Филипче.

„Ние на 30 декември имавме комуникација во која што они ни потврдија дека земјата ги исполнува условите да се потпише договор и од тогаш траат сите тие разговори, морам да признаам навистина долго, очекувавме пократко време, во кои што бараат одредени измени. Сега имаат и некои дополнителни барања пред два дена. Ние од наша страна го потпишавме договорот и го пративме, меѓутоа се уште не е вратен назад. Сега има уште едно дополнително барање кое што стигна пред три дена, а се однесува на обештетување за евентуални несакани ефекти од вакцината. И тука има некои специфични барања. Интензивно разговаравме и во текот на изминатите два дена и денеска утрово ги чекаме повратните информации од Фајзер. И самите се свесни, имам кажано тоа, дека навистина долго време траат овие разговори со нив. Јас верувам дека конечно ќе се финализираат“, рече Филипче.

Министерот Филипче и Владата уште во јануари се пофалија и тврдеа дека Македонија има обезбедно 800.000 вакцини преку директни преговори со „Фајзер“, и покрај тоа што до сега немаат потпишано никаков официјален договор за набавка на овие вакцини.

Претседателот Пендаровски пак, беше првиот што сигнализираше дека вакцините од Фајзер нема да стигнат лесно и брзо.

Разговорот брзо заврши, бидејќи рекоа во овој момент имаме неверојатна навалица на држави, огромни со стотици, со милијарди луѓе потенцијални купувачи и консументи. Така што во овој момент вели деловната политика на фирмата, во тој момент, пред нова година, на тоа ниво што разговаравме, а беше прилично високо менаџерско ниво, не е да разговараат со држави под два милиони жители – изјави претседателот Пендаровски пред седум дена.

Наспроти ова, на почетокот на март некои медиуми пренесоа дека властите дури и објавиле и делови од договорот со Фајзер со тврдење дека до рајот на месецот ќе стигнат првите 21 000 дози.

Скопски Курир направи хронологија на лагите за договорт со Фајзер. Еве го нивниот текст:

Лагите започнаа на 30 декември минатата година која министерот Филипче помпезно најави дека е постигнат договор со Фајзер на која рече дека во февруари пристигнуваат првите дози.

– Македонија во февруари ги добива првите дози на Фајзер вакцината. Денеска попладне постигнавме директен договор со компанијата, а количина ќе биде позната во текот на следните недели. Следните дози од вакцината на Фајзер ќе пристигнат во март и април, рече Филипче.

Два дена потоа на 1 јануари, запрашан колку вакцини ќе пристигнат од Фајзер, Филипче рече дека не сака да открие затоа што од компанијата тоа го побарале од него. Но, затоа 3 дена потоа, на 4 февруари, откако наводно му дозволиле да открие, се пофали со бројката од 800.000, која стана стандардна бројка и за другите вакцини кои не ги видовме до сега.

-Одлична вест на почетокот на годината. Првата доза од 5850 вакцини против Ковид 19 од производителот Фајзер стигнува во февруари, а во директни преговори обезбедивме 800.000 дози за цела 2021. Пратка со поголема количина вакцини ќе дојде во март и април, а динамиката за цела 2021 година дополнително ќе ја утврдиме, соопшти Филипче на 4 февруари.

Истото го повтори и друго интервју дадено за Сител, на 16 јануари Филипче не само што рече дека добро одат преговорите со Фајзер туку и дека се резервирани дозите каде покрај бројката од 5.850 дози за февруари ги најави и по 17.500 во месец март и април.

Шест дена потоа, премиерот Заев за „Трилинг“ изјави дека во февруари се очекуваат вакцините кои се договорени директно со компанијата „Фајзер“, а самата влада на 27 јануари преку соопштение од 42 седница извести дека директните преговори со Фајзер се во завршна фаза, потенцирајќи ја бројката од 800.000 дози.

На почетокот на февруари, во месецот кога наводно ќе дојде првите дози, од министерството за здравство соопштија дека се завршени сите процедурални постапки во однос на договорот и сега чека Фајзер да допрецизира сегменти од договорот.

Следната лага за вакцините од Фајзер следеше на 8 февруари

– Јас се надевам дека следната недела ќе имаме од вакцините на „Фајзер“, а понатаму и од другите вакцини, рече премиерот Зоран Заев за медиумите.

Сепак, три дена потоа почнаа да се менуваат лагите. Од постигнат договор власта, тој стана драфт договор. Филипче тогаш, на 11 февруари изјави дека драфтот на договорот треба да пристигне на почетокот на следната недела, понеделник или вторник. Понеделник и вторник беа 15 и 16 февруари.

Но бидејќи ништо немаше тие два дена, па на 21 февруари само кратко соопштија дека се уште чекаат, но бидејќи изминуваше месецот, а вакцините беа ветени за истиот на 26 февруари повторно ново известување дека се финализираат прашањата.

Заврши февруари и дојде март, па соопштија де пристигнал договорот, а Заев изјави дека до крајот на март ќе пристигнат 21.000 дози од Фајзер, но на 11 март претседателот Стево Пендаровски за медиумите откри дека од Фајзер уште на крајот на декември ги одбиле македонските власти, затоа што не преговараат со толку мал пазар. И на крајот завчера од Фајзер да потврдат за медиумите дека нема договор. Четири месеци некоординираност и лаги на македонските власти во врска со Фајзер. Има договор, нема, февруари, март, но ниту договор има, ниту вакцини има, пишува Курир.