Премиерот Зоран Заев не е загрижен што нема вакцини, загрижен е како што вели „на крајот да не сме се доведеле во состојба да има три милиони вакцини за еден милион граѓани за вакцинација“!
Ова се истакнува во денешната реакција на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Во продолжение целото соопштение од партијата:
Заев и Филипче кои не успеаја да обезбедат ниту една вакцина, сега се секираат да не набавеле премногу?!
Тоа се истите тие кои правеа спектакл за добиената донација од Србија.
Работа на Заев и Филипче беше, а за жал, се уште и е да набават вакцини.
Си ја знаат структурата на населението, а може да направат и дополнителна прецизна проценка.
Наместо проценка и старт на преговори за вакцини од пред половина година кога сите тоа го правеа, тие питачат и сметаат само како да ги поделат процентите од набавката на вакцини. И математиките не излегуваат и нема ни вакцини.
Срамно!
Се вакцинира дел од медицинскиот кадар, а треба сиот.
Треба да се вакцинираат и оние од 65 па нагоре, а ги земаат во предвид за некоја наредна која кој знае кога ќе дојде само оние над 70.
Што е со оние со низа на хронични болести.
Што е со онаа работоспособна популација која секојдневно има многу контакти.
Не само лаги, Заев и Филипче почнаа да кажуваат тешки глупости.
Фатете се за работа, а кога тогаш ќе одговарате!
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ