Двајца од тројца Руси сметаат дека тајна влада управува со светот, стои во студија на рускиот Центар за проучување на јавното мислење (Вциом) која покажа зголемено влијание на теориите на заговор во Русија.
На учесниците во анкетата им било поставено прашањето дали веруваат дека постои „организација или група организации кои влијаат врз сите светски процеси и ги контролираат активностите на лидерите на многу земји“.
Според 74 проценти од луѓето, кои веруваат во оваа теорија на заговор, активностите на таа „светска влада“ се „против интересите на Русија“, се истакнува во проучувањето кое било спроведено на крајот од мај и во кое учествувале околу 2.000 луѓе.
Околу 23 отсто веруваат дека постои задкулисна влада која е составена од олигарси и банкари.
Во последните четири години, бројот на Русите кои веруваат во оваа теорија е зголемен. Еден од десет Руси е убеден во постоењето на „тајна влада“ и тврди дека нашол докази за тоа гледајќи телевизија и читајќи книги. Многу руски телевизиски канали емитуваат емисии за „непријателите на Русија“, за закани и злосторства против земјата – теми кои се силно присутни во официјалната пропаганда.
Според податоците од истражувањето, околу 24 проценти од Русите не веруваат во оваа теорија