По оставката на Борис Џонсон, британската премиерка Тереза Меј не чекаше многу и го назначи Џереми Хант за министер за надворешни работи, известија светските агенции.
Џонсон поднесе оставка заради несогласувања со Меј околу преговорите меѓу Лондон и Брисел за Брегзит.
Хант е поранешен министер за здравство.