Двајца полицајци се повредени во терористички напад во Анкара. Бомбаш самоубиец утрово се разнесе пред зградата на Министерството за внатрешни работи, вториот напаѓач бил ликвидиран во престрелка со полицијата.

Во близина на нападот се наоѓа турскиот парламент каде денеска се одржa првата седница по летните одмори.

Седницата ја водеше турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган кој порача дека бомбашкиот напад во Анкара е последниот остаток од тероризмот.

– Одлучно ќе продолжиме со нашата борба се додека последниот терорист не биде елиминиран дома и во странство. Нема да дозволиме терористичката организација да ја насочува политиката и да го спречи благословениот марш на нашата земја. Нападот утринава каде беа неутрализирани двајца злобници како резултат на навремената Интервенцијата на нашите безбедносни единици е конечниот трепет на тероризмот, гнасните луѓе кои го нишаа мирот и безбедноста на нашите граѓани не ја постигнаа својата цел и никогаш нема, кажа Ердоган.

Во тек е истрагата на турските обвинители за нападот кој властите го водат како терористички напад.