Натпреварот од седмото коло во холандското фудбалско првенство меѓу РКЦ Валвијк и Ајакс беше прекинат синоќа поради тешка повреда на домашниот голман.
Натпреварот е прекинат во 87. минута при водство на Ајакс од 3-2, кога домашниот голман Етиен Весен по жесток судар со противнички играч остана да лежи на тревата.
Лекарите веднаш реагираа и зад завесите му укажуваа помош на Весен, додека сите фудбалери во солзи гледаа што се случува на теренот.
Првите информации од Холандија говорат дека голманот на Валвијк е во критична состојба.