Две лица загинаа, а тројца се тешко повредени во сообраќајната несреќа кај Росоман. Ова се првичните информации што за МИА ги сподели доктор Ратко Грков, раководител на Службата за брза помош во Кавадарци.
– Итната медицинска помош веднаш замина на лице место по дојавата за сообраќајка кај Росоман, со три екипи. Вклучени се и вработени што не беа на смена ама беа спремни да помогнат во секој момент, изјави Грков.
Смртта кај двете лица била констатирана на лице место.
Според првичните информации, имало верижен судир на четири возила.
Од полиција повеќе детали најавуваат за подоцна. На терен интервенира и Територијалната противпожарна единица на Кавадарци со две возила и шест пожарникари.
Регионалната КТВ од Кавадарци на социјалните мрежи објави фотографии од несреќата што утрово се случи кај Росоман.
„На лице место на настанот се присутни јавен обвинител, полициски службеници и пожарникари. Повеќе информации не можам да дадам“, кратко ни изјави порпаролот на СВР Велес, Ристо Самарџиев во телефонски разговор.
Итната медицинска помош веднаш заминала на лице место по дојавата за сообраќајка кај Росоман, со три екипи. Во спасувачката акција биле вклучени и вработени кои не биле на смена, но биле спремни да помогнат во секој момент.
„Смртта кај двете лица беше констатирана на лице место“, изјави д-р Ратко Грков, раководител на Службата за брза помош во Кавадарци.
На терен интервенира и Територијалната противпожарна единица на Кавадарци со две возила и шест пожарникари.
Повеќе детали се очекуваат во текот на денешниот ден.