Едно лице почина, а петмина се повредени во тешката сообраќајна несреќа што се случи денеска во 14:15 часот на регионалниот пат Куманово-Крива Паланка кај селото Облавце, потврди полицијата.
Несреќата се случила помеѓу три возила, товарно моторно возило, „Џип Гранд“ со бугарски регистарски ознаки, управуван од 27 годишниот Ф.А од Куманово и автомобил „Алфа Ромео“. Во несреќата починал возачот на џипот Ф.А, а пет лица се повредени и однесени во кумановската општа болница, информираше МВР.
-Повредените не се во животна опасност, имаат повреди на екстремитети и посекотини на лицето. Едниот од нив е однесен на опсервација на рентген дијагностика. Сите се задржани во кумановската болница,изјави директорката на болницата, Снежана Захариева.
На местото на несреќата биле и две амбулантни возила од кумановската Итна помош, како и три противпожарни возила од противпожарните единици на Куманово и Старо Нагоричане.