Неофицијално најмалку пет патници загинаа во сообраќајната несреќа што доцна попладнево се случи на автопатот Скопје – Тетово кај месноста Карпалак.
Според неофицијални информации двајца загинале на лице место, а на тројца настрадани патници лекарите се обиделе да им извршат реанимација, но за жал, безуспешно.
Во болниците во Скопје се транспортирани триесетина повредени, а во моментов има мобилицација на медицинските установи, каде се итно повикани анестезиолози и друг медицински кадар. Дел од повредените се пренесени на Клиничкиот центар.
Според некои медиуми има и десетина жртви, но се уште нема официјални податоци за тоа.
Како што претходно објавивме, автобус пол со патници попладнево се истумба во близина на месноста Карпалак на автопатот Скопје – Тетово.
Според првичните информации, на повеќе медиуми, има и повредени патници. На лице место се упатени и противпожарни екипи да помогнат во извлекување на повредените, а болниците во Скопје се мобилизираат да ги примат повредените.
Несреќата според очевидци, се случила откако автобусот преминал на другата страна од колозовот, ја пробил оградата и се превртел, објави Канал 5.
ТВ 21 објави дека автобусот од Скопје возел за Гостивар, а неофицијално дознава дека возачот во текот на возењето добил инфаркт, и дека тоа е причината за излетувањето од патот.
Акцијата за помош на повредените е во тек. МВР наскоро најави повеќе информации за несреќата.