Најмалку 16 лица ги загубија животите, а уште 26 се повредени во сообраќајната несреќа на автобус во Бугарија. Автобусот, како што јавија бугарски медиуми, излетал на автопат на 20 км северно од Софија. Како што е соопштено, на место на трагичната несреќа загинале 13 патници, а другите лица починале на пат кон болница.

На помош на местото на несреќата пристигнале повеќе возила на брза помош од Софија и од поблиските градови, јави Бугарската националана телевизија.

Според информациите од други медиуми, автобусот од засега непознати причини удрил во неколку автомобили, се превртел и паднал во клисура. Повеќе болници во Софија се мобилизирани за да ги примат повредените лица.

Според информација од бугарската полиција автобусот превезувал туристи кои оделе на викенд во блиските одморалишта. Повредените се згрижени во болници, а некои се уште се во критична состојба, јавуваат медиумите повикувајќи се на болнички извори.

Се уште нема детали и информации за патниците и од каде се. Бугарската влада в понеделник прогласи Ден на жалост.