Две лица се повредени во железничката несреќа која се случи вчера околу 10,15 часот во село Свиларе, скопско на патниот премин од железничката пруга Скопје – Кичево. Во судирот учествувале товарен воз управуван од машиновозачот Ј. Д., кој удрил во автобус со скопски регистарски ознаки управуван од И.М.(32) од село Грчец, скопско.

Возачот и патникот во автобусот М.М.(45) од село Долно Свиларе се здобиле со повреди и биле пренесени во Комплекс клиники „Мајка Тереза” за укажување лекарска помош.

Железничкиот сообраќај бил во прекин во времето од 10.15 до 15.20 часот.