Млад тетовец со автомобил удрил двајца малолетници, едниот на велосипед, другиот пешак, вчера во Тетово, информираше МВР.
-На 16.07.2019 околу 14.00 часот на улица Браќа Миладинови, К.О.(22) од Тетово, управувајќи патничко возило „Форд“ со тетовски регистарски ознаки, удрило во велосипедистот Д.Р.(18) и пешакот М.И.(18), двајцата од Тетово. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле велосипедистот и пешакот и биле пренесени во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош, велат од МВР.
Увид извршила екипа од СВР Тетово.