По кратко боледување денеска на 82 годишна возраст почина Драги Арсов, поранешен пратеник и прв потпретседател на Собранието на Република Македонија.

Роден е во 1937 година во Кочани. Завршил Факултет за политички науки.

Драги Арсов е и еден од основачите на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ и потписник на Декларацијата за независност на Република Македонија.

Арсов од 1998 до 2002 ја извршувал функцијата заменик-министер за информации.