Министерот за финансии Драган Тевдовски во коментар на најавите за промени на функционери од централната и локалната власт истакнува дека е задоволен од промените и реформите што се направени во Министерството и органите во негов состав, на кои, како што вели, се целосно посветени.
-Министерството за финансии е целосно посветени на реформите и веќе се одвива дигитализација на процесите во сите органи што се во негов состав како Управата за јавни приходи, Царинската управа, Управата за имотно правни работи. Ако треба како мионистер да сумирам во однос на органите во состав, и за УЈП и за Управата за имотно правни работи, Финансиска полиција, финансиско разунавање, целосно сум задоволен од работат, товарот што го понесоа и од направените реформи, рече министерот министерот Тевдовски, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција за електронската платформа за проверка на статус на предметите за приватизација за градежно земјиште.
Според Тевдовски, значително е подобрено управувањето со јавниот долг. Во клучниот параметар нивото на јавниот долг како процент на БДП е намалено во однос на тоа што е наследено.
-Направивме многу важни реформи како што се даночните и пензинските, беше спроведена фискална транспарентност. Ако претходно меѓународните институции за земјава велеа дека нема транспарентност, сега сите признаваат дека сме го обезбедиле тоа, направивме голема реформа во поглед на јавните набавки , ги поддржавме општините, за нив поставивме фискално правило… Направивме редица промени во системот на јавни финансии и сме посветени на оваа патека. Како министер сум задоволен затоа што промените што ги правиме не се ад хок, туку се дел од програмата за реформи во управувањето со јавните финансии 2019-2022 во соработка со ЕУ, со седум клучни приоритети. Сето ова што го набројав е дел од некои од тие приоритети и апсолутно сме посветени да продолжиме понатаму, рече Тевдовски.