Контроверзната белгиска манекенка Мариса Папен предизвика религиски скандал откако се снимаше гола во Ерусалим, во непосредна близина на Ѕидот на плачот. Според локалните религиски власти станува збор за тежок инцидент. Дваесет и шест годишната убавица застанала на пластична столица а во заднината се гледа едно од најсветите места на светот.

Рабинот Шмуел Рабиновиц кој е одговорен за светото место, го опишал инцидентот како збунувачки бидејќи тешко ги нарушува чувствата на верниците.

Во 2017 година Папен беше задржана во Египет од властите бидејќи позирала гола пред храмот во Карнак.