Најдолни изрази можеа да се слушнат на денешното судење за криминалната афера Рекет и тоа меѓу тие кои граѓаните на Македонија скапо ги плаќаа и се уште ги плаќаат за да се борат против криминал.

– Гомнарке и ороспијо една, се зборови кои бившата специјална јавна обвинителка Катица Јанева и ги кажа на поранешната колешка од СЈО Лиле Стефанова, по што Јанева беше веднаш отстранета од судницата.

Како што објави ТВ Сител, при крајот на денешното сведочење на обвинителката Лиле Стефанова, кога таа го облече капутот да си оди, судијата Васка Николовска Масевска почна да ја предупредува обвинетата Јанева да не дофрлува од место, оти ќе биде отстранета.

Но, Јанева почна да вика: „Ороспијо и гомнарке!“

– Надвор, изнесете ја обвинетата од судница, нареди судијката по што полицијата веднаш ја исфрли Јанева од судницата.

На излегување, Катица Јанева дојде кај новинарите, застана и рече:

– Оти мачето ѝ го возев, затоа не чинам, нервозна и насолзена рече Јанева.

Таа застана на скалите во судот, плачеше, се тресеше, а нејзиниот син Лазар ја смируваше во присуство на полицијата, бидејќи таа е во куќен притвор.

Денешното судењето заврши без Јанева.