На С. Македонија местото и е во ЕУ, изјави денеска францускиот амбасадор Кристиан Тимоние, но „дека прашањето за датумот е едно, а друго се принципите, кои се важни колку што е важно и да соработуваме“.
– Ако има нешто што не обединува, нас европските претставници, тоа е едно нешто: на С. Македонија, по сите досегашни напори и напорите што ќе следуваат, местото и е меѓу нас во ЕУ, да соработуваме. Можам да ви кажам дека сме мотивирани за соработка, изјави Тимоние.
Тој ова го истакна во Куманово, одговарајќи на новинарско прашање по свеченоста по повод 11 Октомври.