Јулија Тимошенко, поранешната премиерка на Украина, е префрлена на интензивна нега поради инфекција со коронавирус.

Да потсетиме, во неделата беше објавено дека Тимошенко е заразена, а нејзината состојба вчера се влошила. Денес, нејзиниот портпарол, Марина Сорока, потврди дека Тимошенко е сè уште во сериозна состојба.

„За жал, во моментов немам добри вести“, соопшти Сорока на Фејсбук.

Тимошенко во 2004 година учествуваше во Портокаловата револуција во Украина, беше премиер, а во 2019 година се кандидираше на претседателските избори во кои беше поразена од Владимир Зеленски.

Во 2010 година Јанукович ја приведе за договорот за гас што го потпишала со Русите, а во 2014 година се случи револуција што го отстрани од власт и ја ослободи од затвор.

РБК Украина известува дека Тимошенко е на респиратор, но и дека нејзината ќерка и зет се заразени, а тие тврдат дека тие ги добиле информациите од доверливи извори.