Во понеделник, Репбликанската партија официјално го номинираше актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп, за повторен избор. Трамп зборуваше по номинацијата, „CNN Newsroom“ го прекина преносот на неговиот говор и почна со критики за неговите „погрешни“ изјави и „целосни лаги“, пишува Брејтбарт.

Ведаш потоа, „ѕвездата“ на Си-Ен-Ен, Купер Андерсон, чија плата на годишно ниво е 11 милиони долари (зошто ли го плаќаат толку? н,з.) истакна дека Трамп зборувал „негативно“ на конвенцијата, иако претходно ветил дека ќе биде „позитивен“. Тој додаде дека претседателот „лажно“ го нападнал гласањето по пошта и „лажно“ ги обвинил демократите дека сакаат да ја атворат земјата, пишува Брејтбарт.

Овој потег во Македонија не би бил чуден, зашто е вообичаена практика на македонските ТВ, не би било чудно ни воопшто да не го пренесуваат говорот. Но, за Си-Ен-Ен е нешто што досега не се случило, како што веројатно не би се случило ни во Македонија доколку има телевизија од таков тип како Си-Ен-Ен (сличен беше обидот на ТВ Нова)

Инаку, Андерсон, додека студирал политички науки на колеџ, две лета како практикант бил во Централната разузнавачка агенција. Преведено на македонски јазик тоа би значело дека тој е обучуван да биде соработник или поинаку кажано удбаш.

„Откако вети дека ќе има позитивна конвенција, претседателот уште во првите моменти почна негативно. Тој започна со лажно напаѓање на гласањето по пошта… иако нападите се „бескорисни“…, нагласи Купер.

„…Тој, исто така, ги критикуваше медиумите… и лажно ги обвини демократите дека сакаат да ја затворат земјата за да ја уништат економијата со надеж дека тоа некако ќе им помогне на гласањето…“ рече Купер, истакнува Брејтбарт.

Џон Кинг, новинар на Си-Ен-Ен, истакнал дека забелешките на Трамп го потенцираат „предизвикот“ за оние во бизнисот со вести. Тој ги советуваше неопределените гласачи да внимаваат во текот на оваа недела за да видат дека Трамп го доведува во заблуда народот и му пласира „целосно лаги“.

„Ова е жално да се каже, но многу од она што штотуку го слушнавте од претседателот на Соединетите Држави е погрешно, погрешно и лажно“, изјави тој. „Погрешни, заведувачки и целосно лаги“.