Хрватската фудбалска репрезентација остана во игра за пласман на завршниот турнир во Лигата на нации откако на Максимир пред 32.500 гледачи ја победи Шпанија со 3-2. Победничкиот гол го постигна Тин Једвај во втората минута од судиското продолжение.

Хрватска водеше трипати, Шпанија двапати се врати, но не и третиот пат.

На другиот дуел од А-дивизијата Белгија беше поуспешна од Исланд со 2:0.

Резултати на натпреварите од другите дивизии:

Б-дивизија: Австрија – Босна и Херцеговина 0:0.

Ц-дивизија: Грција – Финска 1:0 и Унгарија – Естонија 2:0.

Д-дивизија: Казахстан – Летонија 1:1, Андора – Грузија 1:1, Луксембург – Белорусија 0:2, Сан Марино – Молдавија 0:1.